
Мажот ја носи жена му на прва партија голф во нејзиниот живот. Како што се очекуваше, нејзиниот прв удар завршува во прозорецот на прекрасна куќа во близина на голф теренот.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Мажот полудува:
– Те предупредив да бидеш внимателна, сега ќе мора да одиме таму и да ја платиме штетата.
И така, парот оди до куќата и чука на вратата. Од внатре се слушна пријатен глас:
– Влезете!
Кога влегуваат, имаа што да видат: не само што прозорецот беше разбиен и стаклото беше насекаде по подот, туку се разбила и прекрасна античка вазна. На софата лежи млад маж:
– Дали вие сте парот кој го разби прозорецот?
– Да, господине, многу ни е жал.
– О, не е потребно да се извинувате, всушност, јас сум многу благодарен. Види, јас сум дух и бев заробен во таа вазна повеќе од 1.000 години. Сега кога ме ослободивте, можам да ви исполнам 3 желби. Ако не ви пречи, и на двајцата ќе ви исполнам по една желба, но последната би ја оставил за себе.
Парот веднаш се согласува. Мажот размислува за момент и вели дека сака по еден милион долари секоја година до крајот на животот.
– Нема проблем, тоа е најмалку што можам да направам, и покрај тоа ви гарантирам долг и здрав живот. А сега вие, госпоѓо, што сакате вие?
Таа вели дека во секоја држава на светот сака огромна куќа со слуги.
– Сметајте дека е средено, вели духот.
– А која е твојата желба? – прашуваат тие.
– Па добро, бидејќи бев заробен повеќе од 1.000 години, мојата желба е да спијам со вашата жена.
Мажот ја погледнува жена му и и вели дека таа треба да одлучи, сега кога се богати и ги имаат сите тие куќи. Таа размислува, вели дека не и е сеедно, но дека би можела да го издржи со оглед на сè. Духот и жената отидат нагоре по скалите и го поминаат остатокот од денот уживајќи еден во друг. Духот беше ненаситен. Мажот седи на приземјето и ги слуша викањата и страста од двете страни. После некаде три часа секс без престан, духот се врти и ја погледнува жената право во очи:
– Колку години имате вие и вашиот маж?
– Триесет и пет, исто сме годиште – одговара жената.
– Не зезај, толку години, а уште верувате во духови?
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








