
Забранети над 240 нелегални сајтови за игри на среќа во Македонија: Властите ставаат ред во дигиталниот хаос
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, објави нова офанзива против нелегалните онлајн обложувалници и казина – со блокирани над 240 веб-страници, државата става јасен став: заштита на младите и правниот поредок.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Македонските власти забранија повеќе од 240 веб-страници кои нелегално приредувале онлајн игри на среќа без дозвола или лиценца. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување на „Канал 5“ рече дека ова е дел од третата фаза на блокирање, во која биле идентификувани уште 50 нови страници.
„Станува збор и за домашни и за странски веб-страници што никогаш не поднеле барање за лиценца, ниту покажале интерес за законско работење. Покрај тоа, многу од нив ги злоупотребувале личните податоци на корисниците и нивните средства не биле безбедни“, нагласи Андоновски.
Министерството за финансии работи на нов Закон за игри на среќа кој ќе воведе поцврста и пообемна рамка. Андоновски додаде дека посебно внимание ќе се обрне на младите, кои преку туѓи лични документи учествуваат во нелегални онлајн обложувања. Новите мерки имаат за цел да го намалат ризикот од зависност и да го регулираат овој растечки дигитален пазар.


