
Агенцијата за филм на Северна Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска.
В.д. директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски, истакна дека ова е фантастична сума, со оглед на тоа што вкупниот буџет за кампањата, поддржан од „Нешенл џеографик“ (National Geographic), изнесува околу 700.000 евра. Тој нагласи дека филмот има „реални шанси“ за престижната награда.
Плодна година за македонскиот филм
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Мицевски се осврна и на успесите на другите македонски филмови, како „Мајка“ на Теона С. Митевска и новите проекти на Милчо Манчевски. Предлог-буџетот на Агенцијата за следната година изнесува 4,3 милиони евра, со кои ќе се финансираат нови филмови, фестивали и серии.


