
Извршен увид и известен јавен обвинител
Според официјалните информации од МВР, повредувањето било пријавено на 19 ноември во 14:45 часот. На местото на настанот бил извршен увид, а за случајот веднаш бил известен и надлежен јавен обвинител.
Од Министерството засега не соопштуваат со какви повреди се здобил припадникот на единицата, под кои точни околности се случила несреќата, ниту дополнителни информации за неговата моментална здравствена состојба.
МВР демантира партиски влијанија и масовно заминување од единицата
Во својата реакција, МВР категорично ги отфрли информациите за наводни партиски влијанија при организацијата и спроведувањето на обуките на САЕ „Тигар“. Оттаму нагласуваат дека сите активности се реализираат согласно утврдените процедури, безбедносните стандарди и потребите на специјалните полициски единици.
Министерството ги демантираше и тврдењата дека околу 30 припадници ја напуштиле единицата, без да изнесува податоци за нејзиниот бројчан состав или евентуални поединечни заминувања. Во соопштението се додава дека МВР ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста и нема да дозволи непроверени информации и политички конструкции да ја нарушуваат довербата во институцијата.
„Категорично ги отфрламе обидите за политизација на обуките и настаните поврзани со работата на специјалните полициски единици. Сите активности во рамките на обуките се организираат согласно со утврдените процедури, безбедносните стандарди и потребите на единиците. Воедно, демантираме дека наводно околу 30 припадници ја напуштиле единицата“, соопштија од МВР.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







