во ,

Мицкоски распали по СДСМ: „Вие сте очајни и свесно ширите паника меѓу народот!“

Мицкоски дециден: Мигрантски кампови нема да има, советниците на ВМРО-ДПМНЕ со итна иницијатива до општините

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, стави крај на шпекулациите и најави конкретна акција против изградбата на прифатни центри. Тој истакна дека во текот на следната недела, советниците на партијата ќе достават иницијатива до сите општински совети за гласање на документ со кој се гарантира дека мигрантски кампови на нивната територија нема да има. Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ како свесно ширење паника и страв, потсетувајќи на официјалните деманти од Владата и Британската амбасада.

Јавен облог: „Трајно ја напуштам политиката ако најдете еден мигрант“

Супер Попуст -25%

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати директен предизвик до опозицијата. „Ако раководството на СДСМ пронајде и еден мигрант кој е дел од договорот со Обединетото Кралство, јас трајно заминувам од политиката,“ изјави Мицкоски. Тој побара од надлежните органи, согласно Кривичниот законик, да поведат постапки против лицата кои и покрај демантите продолжуваат да ја вознемируваат јавноста со лажни вести.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ФЗО од „црна дупка“ до лидер: Како Фондот стигна од 45-то до 1-во место за една година?

ШОК ВО КИСЕЛА ВОДА: Утрово пронајдено безживотно тело на младо момче