
Од 45-то место директно на врвот: ФЗО стана шампион по транспарентност, па веднаш „удри“ по неправилностите во болниците
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) направи неверојатен пресврт во своето работење, искачувајќи се на самиот врв на листата за транспарентност на државните институции за 2025 година. Според најновиот Извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите, ФЗО е рангиран на првото место со максимални 51 бод, позиција која ја дели со Државниот завод за ревизија.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Овој успех е уште позначаен ако се знае дека само една година претходно, во 2024 година, Фондот се наоѓаше на незавидното 45-то место со само 24,5 бода. Овој драстичен скок е резултат на целосната промена во политиката на отвореност и отчетност кон јавноста.
Хаос со дежурства и наплата: Што открија контролорите?
Додека ја слави транспарентноста, ФЗО спроведе и остра контрола врз трошењето на парите во здравството. Чешлани се 26 јавни здравствени установи и 37 служби за Итна медицинска помош. Резултатите се загрижувачки:
- Во болниците се откриени малверзации со пресметката на плати – неправилно се пресметувале дежурства, се комбинирале додатоци за сменска работа со дежурства и се исплаќале бонуси спротивно на прописите.
- Во Итната помош, кај 14 установи се најдени сериозни пропусти: наплата на услуги кои треба да бидат бесплатни, користење на стари ценовници и фалсификување на фактури.
ФЗО им даде ултиматум на сите фатени во прекршок – имаат рок од два месеци целосно да ги отстранат неправилностите или ќе се соочат со санкции.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден








