во ,

„Ми се плаче од фотографијава“: После она што ја ‘пречекало’ во маркет, си заминала во солзи

Во супермаркетите ширум светот луѓето панично купуваат сè што ќе стигнат, а колку тоа влијае на другите луѓе, најдобро покажува фотографијата која ја објави австралискиот новинар Себ Костело.

На Твитер објави фотографија од стара жена која тажно стои пред празните полици во маркетот, каде буквално ништо не останало за неа.

„Денеска напладне во Мелбурн. Полици со конзерви. Ми кажаа дека си заминала во солзи. Ова покажува кого најмногу го погодува овој непотребен тренд од панично купување. Ова мора да престане“, напишал покрај фотографијата.

Фотографијата растажила многумина.

„Ова навистина ми го крши срцето. Старите лица ја дадоа нивната душа, зошто не се грижиме за нив? Ние ќе станеме како нив пред да го сфатиме тоа. Бидете рационални, ве молам да внимаваме на најранливите“, напишала една корисничка.

„Ми се плаче поради оваа фотографија“, додала друга.

„Оваа фотографија совршено го покажува моменталното лудило“, бил уште еден од коментарите.

Што мислиш?

28 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа баба стана хит на интернет поради начинот на кој го шета кучето сред полициски час

Неверојатно: Талентирана Јапонка на своите деца им прави оброци кои изгледаат како вистински уметнички дела!