
За време на своето излагање на министерската сесија посветена на геополитичките превирања и проширувањето во Централна и Југоисточна Европа, Муцунски направи сеопфатен пресек на актуелните безбедносни и инфраструктурни предизвици. Тој истакна дека иако членството во НАТО Алијансата претставува непроценлива предност за државата преку споделувањето информации и политиките за одвраќање, регионот сè уште е изложен на сериозни конвенционални и неконвенционални ризици. Во таа насока, тој директно посочи на малигните влијанија од руската агресија врз Украина, активностите на Кина и Иран, како и сè поприсутните сајбер-закани и обидите за надворешна економска принуда. За справување со овие закани, министерот го потенцираше стратешкото значење на Коридорите 8 и 10, нагласувајќи дека Македонија е единствената крстосница на овие две витални транспортни и енергетски артерии во регионот.
Фер вреднување, институционални реформи и заштита на идентитетот
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Во делот посветен на евроинтегративниот процес, шефот на македонската дипломатија побара од Брисел да демонстрира вистинска политичка волја, надминувајќи ги декларативните фрази. Муцунски децидно порача дека инвестициите во регионалната инфраструктура мора да бидат проследени со видлива политичка инвестиција во проширувањето, а термините како „моментум“ конечно да се материјализираат преку прием на неколку земји од Западен Балкан во Унијата. Притоа, тој побара напредокот на земјите кандидати да се вреднува исклучиво според нивната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и испорачаните реформи.
Како позитивен пример за надминување на билатералните предизвици, Муцунски ги посочи Словенија и Хрватска, кои денес негуваат силно партнерство и претставуваат модел за градење на регионална стабилност. Тој заклучи дека охрабрувачките сигнали од Брисел за нов пристап кон проширувањето мора да резултираат со процес базиран на заслуги, каде што фокусот ќе биде ставен на суштинските критериуми.
„Нашето барање е јасно – европската интеграција да биде модел за трансформација на нашите институции, а не обид за трансформација на нашите идентитети. Доколку Европа сака да зборува со јазикот на геополитиката, тогаш проширувањето не смее да се гледа низ логиката на бирократијата.“


