во ,

Најдобриот посен рецепт: Полнети пиперки со ОРЕВИ!

Ако барате лесен, посен и исклучително вкусен оброк, полнетите пиперки со ореви и зеленчук се вистинскиот избор.

Овој рецепт ги спојува едноставните состојки во јадење кое прија и за време на пост и кога сакате нешто поинакво, мирисно и здраво. Тајната состојка која им дава посебна арома и богат вкус се мелените ореви.

Состојки:

  • 8 пиперки (бабури)
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 1 шолја ориз
  • 4 чешниња лук
  • 10 лажици масло
  • 1 шолја мелени ореви
  • Сол, бибер и зачини по желба
  • 100 мл сок од домати
  • 1 лажица брашно

Подготовка:

  1. На малку загреано масло пропржете го ситно сечканиот кромид. По неколку минути додадете го изренданиот морков и ситно сечканиот лук. Динстајте околу 5 минути додека зеленчукот не омекне.
  2. Оризот добро измијте го и измешајте го во тавата со зеленчукот. На крајот додадете ги мелените ореви и зачинете.
  3. Пиперките измијте ги, исчистете ги од семки (чувајте ги капачињата) и наполнете ги со смесата. Редете ги исправено во длабоко тенџере или тава за печење.
  4. Во тавата каде што се пржеше зеленчукот сипете околу 2 литри вода, додадете го сокот од домати и лажицата брашно, па промешајте. Со оваа течност прелијте ги пиперките (да бидат до половина во вода).
  5. Затворете ги со капачињата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп ги „замрзна“ санкциите кон Русија: Дипломатијата доби шанса пред економската војна!

Престанете да велите „не плачи“: Овие 5 реченици ќе го направат вашето дете емоционално силно!