
Маршрута на протестот и клучни институционални барања
Протестот е закажан за денеска, 8 ноември, со почеток во 12 часот во паркот „Жена Борец“. Учесниците на маршот ќе се движат по маршрута покрај Собранието и Министерството за правда, а протестната тура ќе заврши пред зградата на Министерството за образование и наука.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Повод за протестот е трагичниот крај на младиот живот на Билјана Кириќ, која претходно го пријавувала насилството и се соочувала со закани по живот. Организаторите нагласуваат дека ова е врв на институционалното потфрлање и бараат целосна, транспарентна истрага и утврдување одговорност за сите пропусти во системот.
Главни барања на иницијативата и апел за исклучиво граѓански карактер
Меѓу клучните барања на иницијативата се итно усвојување на законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, враќање на поимот „род“ во законските и образовните програми, како и разрешување од јавни функции на лицата кои го оправдуваат или нормализираат насилството.
Од „Ниту една повеќе!“ упатија јасна порака дека маршот е исклучиво граѓански и не смее да биде искористен за партиски цели, со апел дека политичарите треба да делуваат преку институционалните механизми, без присуство на партиски обележја.
„Билјана е девојче од 17 години. Пријавила насилство и закани по живот. Биле изречени мерки за заштита. Денес е мртва… Уште колку имиња треба да научиме за институциите да почнат да ја преземаат својата одговорност? Не бараме сочувство. Бараме одговорност.“


