во ,

Новак го остави рекетот и запеа: Cнимката од Херцег Нови стана хит

Новак Ѓоковиќ повторно ги освои симпатиите во регионот – овојпат не со рекет во рака, туку со песна и танц на концерт во Херцег Нови.

Новак Ѓоковиќ летово одмора во Црна Гора, а снимките од неговиот престој постојано привлекуваат внимание на социјалните мрежи.

Супер Попуст -25%

Најновиот момент доаѓа од Херцег Нови, каде што српскиот тенисер се појавил на концерт на пејачот Владо Георгиев.

Ѓоковиќ се опушти меѓу публиката

Наместо да биде издвоен од останатите, Ѓоковиќ се дружел, играл и уживал во атмосферата заедно со присутните.

Во еден момент вечерта добила уште поинтересен пресврт, кога Новак им се приклучил на Владо Георгиев и Нигор.

Новак запеа на сцената

Тројцата заедно ја запеале познатата песна „Tropski bar“, а Ѓоковиќ дополнително ја кренал атмосферата со танц.

Снимките од моментот брзо почнале да се шират, а публиката во Херцег Нови со воодушевување ја поздравила неочекуваната музичка епизода.

Наскоро повторно на тениските терени

По летниот одмор, Ѓоковиќ наскоро треба да започне со подготовките за Мастерсот во Синсинати.

Турнирот треба да биде дел од подготовките за последниот Грен слем во сезоната – УС Опен, каде што е најавен и негов настап во мешани двојки со Арина Сабаленка.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Де Пол постигна прекрасен гол, а потоа направи гест за Меси

„Не сме во војна, но секојдневно сме цел“: Германија предупредува на нова закана