
Во Црна Гора стапија во сила построги санкции за сообраќајни прекршоци, со значително повисоки казни за пребрзо возење, алкохол и дрога зад воланот, минување на црвено светло и управување нерегистрирани или технички неисправни возила.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Измените на Законот за безбедност на сообраќајот предвидуваат казни што кај најтешките прекршоци можат да достигнат и до 2.000 евра, а во одредени случаи и одземање на возачката дозвола.
За алкохол зад воланот може и затвор до 60 дена
Во Црна Гора дозволената концентрација на алкохол во крвта е до 0,30 промили.
За концентрација од 0,30 до 0,50 промили е предвидена парична казна од 70 до 200 евра.
Доколку возачот има повеќе од еден промил алкохол во крвта, санкцијата може да вклучува и затворска казна до 60 дена.
До 2.000 евра за одбивање алкотест и возење под дрога
Возач кој ќе одбие да се подложи на алкотест може да биде казнет со 600 до 2.000 евра.
За управување возило под дејство на дрога се предвидени санкции од 300 до 2.000 евра.
Пребрзото возење носи драстично повисоки казни
За пречекорување на дозволената брзина до 10 километри на час, казната ќе се движи од 60 до 120 евра.
Но, за многу поголеми пречекорувања санкциите се значително построги.
Возач кој во населено место ќе ја надмине дозволената брзина за повеќе од 70 километри на час, односно надвор од населено место за повеќе од 90 километри на час, може да добие казна од 1.000 до 2.000 евра.
Предвидена е и можност за одземање на возачката дозвола.
До 2.000 евра и за минување на црвено
Минувањето на црвено светло и непочитувањето наредба за запирање од полициски службеник се вбројуваат меѓу потешките прекршоци.
За нив се предвидени казни од 300 до 2.000 евра.
Возач кој нема да застане по полициска наредба може да биде казнет со 500 до 2.000 евра, а постои и можност да остане без возачка дозвола.
Строги казни и за опасно возење
Новите правила предвидуваат високи санкции и за таканареченото опасно или „делириско возење“.
За ваков прекршок може да биде изречена парична казна од 1.000 евра и повеќе, како и мерка за одземање на возачката дозвола.
Нерегистрирано возило – казна до 1.000 евра
За управување нерегистрирано или технички неисправно возило се предвидени казни од 300 до 1.000 евра.
Возење без возачка дозвола, пак, ќе се казнува со сума од 500 до 2.000 евра.
Поскапи казни за телефон и неносење појас
За неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон додека се управува возило, казната ќе биде од 150 до 400 евра.
За превоз на дете без соодветно детско седиште или за нелегален превоз на деца се предвидени казни од 150 до 600 евра.
Казни и за пешаци, велосипедисти и тротинети
Построгите санкции не се однесуваат само на возачите на автомобили.
Преминување улица надвор од обележан пешачки премин може да биде казнето со 60 до 150 евра, исто како и возење велосипед без соодветни светла.
За неправилно управување електричен тротинет, казната ќе се движи од 60 до 300 евра.
Посебни правила за младите возачи
За возачите на возраст од 18 до 21 година остануваат да важат дополнителни ограничувања.
За нив има нулта толеранција за алкохол, а забрането им е и управување возило во периодот од полноќ до 5 часот наутро.
Дополнително, младите возачи не смеат да управуваат автомобили со моторна моќност поголема од 80 kW.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден








