
Според информациите објавени од Euronews, Министерството за дигитализација на Норвешка соопшти дека бараведување построга регулатива за уредите опремени со вградени камери, микрофони и екрани за проширена реалност. Јавниот и приватниот сектор се повикани итно да ги преиспитаат своите внатрешни упатства за употреба на ваква опрема на јавни места.
Можна забрана за препознавање лица и формирање експертска група
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Норвешката министерка за дигитализација и јавна администрација, Кариане Тунг, нагласи дека технологијата нози нови ризици од надзор. Таа најави дека новите закони би можеле целосно да ги забранат контроверзните функции како што е автоматското препознавање на лицата на други луѓе на јавни места, додека министерството ќе формира и посебна експертска група за соодветна регулатива.
„Гледаме дека новата технологија ја загрозува приватноста и заштитата на податоците. Затоа ќе ги регулираме паметните очила и сличните уреди построго отколку порано,“ истакна министерката Тунг.
Поделени мислења во јавноста
Додека критичарите и експертите за приватност алармираат за потенцијалната злоупотреба на паметните очила за неовластено снимање и следење, застапниците на технологијата ја истакнуваат нивната голема корист. Особено се нагласува значењето на овие уреди како помошна технологија за слепите лица и лицата со оштетен вид, што отвора дебата за наоѓање рамнотежа меѓу иновациите и правата на граѓаните.


