
Хуманоста на дело спасува детски животи: Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
Тимови од Универзитетската клиника за ортопедија извршија две сложени и успешни трансплантации на коскено ткиво од починат донор кај педијатриски пациенти, со што им овозможија шанса за подобар и побезболен живот. Првата интервенција е направена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата, кое по корекцијата веќе се вратило на секојдневните активности. Вториот пациент е 13-годишно момче со повторлив деформитет на стапалото, кое е испишано во добра општа состојба и го очекува процес на рехабилитација.
Зошто е ова важно? Помалку болка и побрзо закрепнување за децата
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Употребата на кадаверични коскени трансплантати (од починат донор) претставува златен стандард во детската ортопедија бидејќи носи огромни предности за малите пациенти. Со овој метод се избегнува земање коска од самиот пациент (автотрансплантација), што значи дека нема дополнителна хируршка рана, се елиминира постоперативната болка на дарителското место и се скратува времетраењето на самата операција. Националниот координатор за трансплантација, д-р Билјана Кузмановска, упати јавна благодарност до семејствата на донорите, нагласувајќи дека нивната хуманост директно менува животи.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








