во ,

Оваа сцена ги преплаши посетителите на еден парк во САД, еве за што се работи

Во паркот „Theodore Wirth“ во Минеаполис, минувачите се запрепастиле од статуата на пештерски човек во голем блок од мраз.

Фотографиите од необичната сцена брзо се прошириле на интернет и многумина помислиле дека повторно станува збор за мистерија како монолитите кои го заинтригираа светот кон крајот на минатата година.

Со денови се зборува за замрзнатиот праисториски човек, а потоа се дозна вистината. Приказната за човекот во мраз нема мистерија и е уметничко дело на Зак Шумак, кој вели дека неговото творештво има посебна порака за светот.

Шумак вели дека со својата бизарна креација сакал да ги тргне луѓето од социјалните мрежи и да ги натера да излезат надвор и да доживеат посебно искуство на отворено.

За американските медиуми рекол дка сакал на луѓето да им даде нешто друго за што можат да зборуваат – нешто позитивно. Како што вели, се надевал дека оваа необична атракција на отворено би можела да биде нешто што ќе ги поттикне луѓето да излезат, да одат во паркови, да прошетаат, а не да седат дома. Се разбира, додека ја почитуваат физичката дистанца во време на пандемија.

Што мислиш?

27 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој цртеж на аукција е продаден за рекордни 3.17 милиони евра

14 Фотографии кои докажуваат дека реалноста не ѐ секогаш онака како што изгледа на Инстаграм