
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата во Македонија за август 2024 година изнесувала 61.806 денари, што претставува пораст од 13,2% во споредба со истиот период минатата година.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Најголем пораст на платите е забележан во секторите образование (19,3%), уметност, забава и рекреација (18,9%), и јавна управа и одбрана (17,3%). Програмерите остануваат најплатени, со просечна месечна плата од околу 1.600 евра. По нив следуваат професиите во фармацијата, воздухопловството, финансиите и научното истражување, со плати од околу 1.000 евра.
Ова значително зголемување на платите ги рефлектира промените во македонската економија и побарувачката за високо квалификувани кадри.


