
„Бејвоч“ иконата смени курс: Кармен Електра (53) ужива во љубовта со „обичен“ човек по бурните врски со светски суперѕвезди
Кармен Електра, секс-симболот на 90-тите која се прослави со „Чувари на плажата“ и насловните страни на „Плејбој“, сврте нов лист во љубовниот живот. По низата високопрофилни врски и бракови со ексцентрични и светски познати ѕвезди како музичката легенда Принс, НБА ѕвездата Денис Родман и рокерот Дејв Наваро, таа сега среќата ја пронајде покрај некој кој не е дел од холивудската А-листа. Нејзиниот нов избраник е Франко Вескови, успешен уметник за тетоважи, со кого беше „уловена“ од папараците за време на романтична вечера во луксузниот ресторан „Maestros“ во Беверли Хилс. Двојката не ги криеше емоциите, разменувајќи бакнежи пред камерите, при што Кармен блескаше во тесна црна комбинација, додека Франко се одлучи за лежерен стил.
Кој е човекот што го освои срцето на Електра?
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Иако медиумите го нарекуваат „обичен човек“ во споредба со нејзините поранешни партнери, Франко Вескови е вистинска ѕвезда во својата бранша. Тој е сопственик на популарното студио „Hollywood Vatican Studios“ и има над 20 години искуство, а меѓу неговите клиенти биле имиња како Пинк, Бритни Спирс и Тревис Баркер. Со над 85.000 следбеници на Инстаграм и свој бренд за опрема за тетоважи, Вескови се чини дека носи стабилност во животот на Електра, која последниве години се повлече од актерството и се фокусираше на својата линија за нега на кожа.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








