во ,

Ако купувате „Ариел“, проверете добро: Фатени 2 тона лажен прашок штетен по здравјето!

Внимавајте што купувате: Царината заплени над два тона фалсификуван прашок „Ариел“ штетен по здравјето!

Царинските службеници од испоставата во Тетово спречија сериозен обид за шверц на фалсификуван прашок за перење алишта, кој претставува директна закана за здравјето на граѓаните и животната средина. Станува збор за пратка од вкупно 2.000 килограми (распоредени во 200 вреќи по 10 килограми) означени со познатиот бренд „Ариел“. Стоката била натоварена во Турција и била наменета за увозник од Скопје, но благодарение на навремената реакција на цариниците, не стигнала до продажните рафтови и до потрошувачите.

Потврден фалсификат: Стоката ќе се уништи, следуваат кривични пријави

Супер Попуст -25%

По сомнителниот увоз, Царинската управа веднаш го контактирала правниот застапник на носителот на брендот, кој по извршената проверка потврдил дека се работи за класичен фалсификат и повреда на правата од интелектуална сопственост. Поради потврдената неисправност и потенцијална штетност на составот, дадена е согласност за уништување на целата количина, а против сторителот (увозникот) ќе биде поднесена соодветна пријава по целоснo спроведување на постапката.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од Принс и Родман до тату-мајстор: Кармен Електра (53) конечно пронајде мир со „обичен“ дечко

Колагенско кафе: Новиот хит пијалак што ветува сјајна кожа и бистар ум