
Лоши вести за љубителите на канабисот (и кокаинот)
Иако Германија ги олесни законите за марихуана, Минхенскиот Октоберфест останува ригорозна „зона без канабис“. Доколку ве фатат како консумирате марихуана на просторот на фестивалот, ќе ве олеснат за 1.500 евра, додека повратниците ќе платат астрономски 5.000 евра. Пушењето обичен тутун е дозволено само на отворено, додека во шаторите важи строга забрана (со казни до 1.000 евра).
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Интересен парадокс е што додека властите ловат конзументи на марихуана, кокаинот станува сè помасовен проблем. Статистиките покажуваат драстичен раст на кривичните дела поврзани со оваа дрога во Баварија, па полицијата очекува полни раце работа со гости кои фестивалската еуфорија ја одржуваат на нелегален начин.
Пивото поскапо од било кога, а „тркањето“ е забрането
Организаторите повлекуваат јасна црта помеѓу добра забава и целосно губење контрола. Популарните натпревари во брзо испивање алкохол сега се строга табу-тема.
„Секој што ќе се обиде да испие литарска кригла на екс или ќе ги поттикнува другите на прекумерно пиење, веднаш ќе биде санкциониран. Качувањето по маси и клупи ќе резултира со експресно исфрлање од шаторот.“
А кога веќе зборуваме за пивото – подгответе се за шок. Оваа година, литарска кригла ќе ве чини меѓу 14,80 и 15,90 евра, што е нов ценовен рекорд кој ги остава посетителите со празни џебови многу побрзо од порано.
Полициски час за деца и нулта толеранција за тротинети
Законот не прави исклучоци ниту за најмладите. Детските колички мора да исчезнат од фестивалот до 18 часот во работните денови, додека во сабота се целосно забранети. Децата под шест години во 20 часот мора да ги напуштат пивските шатори, дури и ако се во придружба на своите родители.
За оние кои планираат да стигнат со велосипед или електричен тротинет – ќе мора да ги остават пред влезот. И внимавајте: ако возите електричен тротинет на враќање со над 0,5 промили алкохол во крвта, ризикувате казна од 500 евра и одземање на возачката дозвола!
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







