
Бактеријата „ентеробактери“ (Enterobacteriaceae) пронајдена во мусаката и на површините е причина за масовното труење на учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.
Анализите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажаа присуство на фекални бактерии во мусаката служена во прва смена, како и на три чешми во училиштето (две во училници и една во кујната). Станува збор за бактерија која се пренесува преку допир и предизвикува повраќање и дијареја. Дополнително, кај една вработена е констатирана бактерија стафилокока во носот.
Водата е исправна, 7 деца се хоспитализирани
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
ЈП „Водовод и канализација“ потврди дека водата во училиштето е хемиски и бактериолошки исправна и безбедна за пиење. Во моментов, седум ученици се задржани на Детската клиника и нивната состојба е стабилна. Додека се чекаат резултати за можно присуство на норовирус, премиерот Мицкоски потврди дека неговиот син, кој учи во истото училиште, е во добра состојба.


