во ,

ОЈО Битола го отвори сефот во Белград: Борче Марковски криел 1,2 милиони евра и злато од тендерот во РЕК

Милионите од РЕК Битола најдени во сеф во Белград: Обвинение за Борче Марковски, имотот му е замрзнат

Скандалот во РЕК Битола доби име и презиме. ОЈО Битола поднесе обвинение против сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, за проневера на 1,7 милиони евра. Парите украдени преку наместен тендер не останале во Македонија – истражителите преку меѓународна правна помош откриле таен сеф во Белград каде што Марковски криел 1,2 милиони евра, златни монети и плочки.

Наплаќале за „фантомска“ работа, опремата скапувала во трева

Супер Попуст -25%

Шемата била дрска: Директори од РЕК Битола наместиле тендер за дислокација на опрема од „Осломеј“ која воопшто не била потребна, ниту технолошки соодветна. Марковски и соработниците потпишувале лажни документи дека монтажата е завршена и наплаќале милиони, додека скапата опрема стоела расфрлана низ кругот на комбинатот. Покрај кешот и златото, на Марковски му се замрзнати и 10 нови камиони купени во Србија во 2025 година. Поради ризик од бегство и бизнис врски во соседството, тој останува во притвор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Анализа на хоророт: Евтината звучна изолација го претворила клубот во гасна комора

„Беше како ТВ-шоу”: Трамп го опишува фаќањето на Мадуро како холивудски трилер