
Милионите од РЕК Битола најдени во сеф во Белград: Обвинение за Борче Марковски, имотот му е замрзнат
Скандалот во РЕК Битола доби име и презиме. ОЈО Битола поднесе обвинение против сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, за проневера на 1,7 милиони евра. Парите украдени преку наместен тендер не останале во Македонија – истражителите преку меѓународна правна помош откриле таен сеф во Белград каде што Марковски криел 1,2 милиони евра, златни монети и плочки.
Наплаќале за „фантомска“ работа, опремата скапувала во трева
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Шемата била дрска: Директори од РЕК Битола наместиле тендер за дислокација на опрема од „Осломеј“ која воопшто не била потребна, ниту технолошки соодветна. Марковски и соработниците потпишувале лажни документи дека монтажата е завршена и наплаќале милиони, додека скапата опрема стоела расфрлана низ кругот на комбинатот. Покрај кешот и златото, на Марковски му се замрзнати и 10 нови камиони купени во Србија во 2025 година. Поради ризик од бегство и бизнис врски во соседството, тој останува во притвор.


