во ,

Пекинг го активираше планот „Мисија Правда 2025“: Тајван под целосна опсада

„Мисија Правда 2025“: Кина го опколи Тајван и најави боево гаѓање

Пекинг започна масивни воени маневри околу островот Тајван под кодно име „Justice Mission 2025“. Ова се првите вежби од ваков обем од април минатата година, а целта е симулација на блокада на клучните пристаништа и постигнување на целосна воздушна и поморска супериорност. Кинеската армија издаде и предупредување до цивилните бродови да избегнуваат пет зони околу островот, каде од утре (вторник) ќе започне вежба со боево гаѓање.

Одговор на американските милијарди: Тајпеј во состојба на готовност

Супер Попуст -25%

Ескалацијата следи веднаш откако Вашингтон одобри рекорден пакет вооружување за Тајван вреден 11,1 милијарди долари. Портпаролот на кинеската армија порача дека ова е „строго предупредување до сепаратистите“, додека тајванските власти го осудија чинот како брутално кршење на мирот и ги ставија своите сили во целосна борбена готовност, следејќи ги движењата на кинеските трупи.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 29 декември: Кој ќе банкротира ако денес го отвори паричникот?

Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно, тој не спие