
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната утринска температура ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 30 до 38 степени.
Времето во Скопје и утрешната прогноза
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Во главниот град времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во одредени делови од скопската котлина ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Скопје ќе се движи од минимални 18 до максимални 35 степени.
„Утре, претежно во планинските региони низ државата, сè уште ќе има услови за изолирана појава на нестабилност и краткотрајни врнежи,“ информираат од УХМР.
Пеколен викенд: Температури над 40 степени
Вистинскиот топлотен бран нè очекува во втората половина од неделата. Од четврток следува период на многу топло време, кое ќе кулминира за време на викендот.
- Температурите значително ќе пораснат низ целата држава.
- Во деновите од викендот се очекува дневната температура наместа да надмине екстремни 40 степени.
- Граѓаните се советуваат да се заштитат од сонцето, да пијат многу течности и да избегнуваат излегување на отворено во најтоплите делови од денот.


