во ,

Пет часа полициска акција во Кочани и Виница: 59 казни и тројца приведени

За само пет часа полицијата изрече 59 санкции во Кочани и Виница, а тројца возачи беа лишени од слобода.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот спроведе засилена акциска контрола во Кочани и Виница, насочена кон возачи на мотоцикли и електрични тротинети.

Супер Попуст -25%

Контролата се одвивала во периодот од 17 до 22 часот, а полицијата изрекла вкупно 59 санкции за различни сообраќајни прекршоци.

Најмногу казни за возење без кацига

Дури 34 возачи биле санкционирани затоа што управувале мотоцикл без заштитен шлем.

Една санкција била изречена на возач на електричен тротинет, додека тројца возачи управувале без соодветна категорија.

Полицијата казнила и еден возач поради истечена полиса за задолжително осигурување, како и еден поради истечена регистрација на мотоциклот.

Еден возач бил затекнат како управува под дејство на алкохол. Изречени биле уште две санкции за други прекршоци на мотоциклисти и 16 за останати сообраќајни прекршоци.

Откриени три кривични дела

За време на контролата биле откриени и три кривични дела. Три лица биле лишени од слобода поради сомнение дека управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола.

Меѓу приведените имало и едно малолетно лице. Полицијата одзела три мотоцикли.

Според МВР, станува збор за сомнение за кривично дело според член 297-а од Кривичниот законик.

За сите сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп му постави краток рок на Иран: Договор или враќање на силните напади

СДСМ ја притисна Владата за водата во Гостивар: Каде беа експертите од првиот ден?