
Синдикалниот лидер Иван Пешевски попладнево постави жесток ултиматум пред Владата, најавувајќи дека шаторите ќе останат пред „Илинденска“ и протестите ќе бидат секојдневни сѐ додека не се исполни барањето за минимална плата од 600 евра.
Во својот емотивен и остар говор пред насобраните работници, Пешевски од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не бираше зборови критикувајќи го луксузот на функционерите. Тој побара итно линеарно покачување од 6.000 денари за сите вработени, порачувајќи дека трпението е при крај.
„Вие возите поршиња, а ние немаме за леб“
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Пешевски остро реагираше на обвинувањата дека работниците не биле доволно продуктивни за да заслужат повисоки плати.
„Велат не сме биле продуктивни, а тие се многу продуктивни со мерцедеси, поршиња и вили во Грција. Нека работат тие на скеле, нека работат во текстилни фабрики, нека сечат шуми, па нека видат како е 30 години да се биде работник“, грмеше Пешевски.
Закана за историски генерален штрајк
Доколку власта остане глува на барањата, ССМ најавува радикализација каква што земјата не памети.
„Ако треба, ќе блокираме институции и ќе донесеме одлука за генерален штрајк – првпат во историјата на Македонија во приватниот сектор. Доста е, време е да се разбудиме“, истакна Пешевски, додавајќи дека работниците бараат достоинство, а не милостина.


