во

Подгответе ги чадорите: Претежно облачно и дождливо време денеска, од среда конечно разведрување

Македонија се наоѓа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која носи вистинско есенско време, проследено со облачност и локално пообилни врнежи од дожд ширум државата.

Облачно време и пад на температурите

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Ваквата временска состојба ќе биде придружена со слаб до умерен ветер кој ќе дува од североисточен правец.

Супер Попуст -25%

Температурите се во благ пад. Минималните утрински вредности се движат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува слично време – претежно облачно со повремен дожд и слаб северен ветер, со температури од 7 до 16 степени.

Стабилизација на временските услови од среда

Според најавите на синоптичарите, облачното и постудено време со повремени врнежи ќе се задржи до вторник. Во текот на утрешниот ден локално се очекуваат и поинтензивни врнежи кои може да надминат 20 литри на квадратен метар.

„Од среда, па сè до почетокот на викендот, времето ќе биде стабилно и суво. Ќе има променлива облачност во текот на денот која кон сабота постепено ќе се намалува, проследена со слаб до умерен северен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието“, најавуваат метеоролозите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски од Германија: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 НОЕМВРИ: Близнаци – не провоцирајте кавги, Девици – добивате неоправдани критики