
Тринаесет години од „крајот на светот“: Зошто Маите не згрешија, туку ние погрешно ги разбравме?
Точно пред 13 години, светот со страв го исчекуваше 21 декември 2012 година – датумот кој, според популарните толкувања на календарот на Маите, требаше да донесе апокалипса. Сепак, 22 декември 2012 осамна како и секој друг ден. Експертите објаснуваат дека паниката се базирала на целосно недоразбирање: датумот означувал само крај на еден голем циклус од 13 бактуни (околу 5.125 години) и почеток на нова ера, слично како што ние ја славиме Нова година, а не уништување на планетата.
Од кокошката пророк до планетата Нибиру
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Низ историјата, стравот од апокалипса постојано го менува обликот. Од легендата за мистериозната планета Нибиру и смртоносните соларни бури кои НАСА мораше официјално да ги демантира, па сè до бизарниот случај од 1806 година со кокошката во Англија која „несувала“ јајца со натпис „Христос доаѓа“. Психолозите и антрополозите сметаат дека оваа фасцинација со крајот на светот произлегува од човековата потреба за наоѓање „повисок план“ и одговори во времиња на глобална несигурност.


