
Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова упати жестока критика по експресното донесување на измените на Кривичниот законик, обвинувајќи дека „големите партии“ повторно си направиле пазар на штета на правдата.
Во својата реакција на социјалните мрежи, Зајкова не штедеше зборови за новото законско решение кое денеска помина во Собранието. Според неа, наместо ветената правда и европски стандарди, граѓаните добиле закон кој е кроен исклучиво за заштита на политичката елита.
„Министрите и директорите се амнестирани“
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
„Со новиот Кривичен законик кој си го изгласаа т.н. големи партии, кривичните дела на функционерите повторно ќе си застаруваат како до сега. Она што е најстрашно е што министрите и директорите целосно се амнестираат од несовесно работење во службата. Ова е класична правда по мерка на помоќниот“, напиша Зајкова.
Нејзината реакција доаѓа откако владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ го помина законот со образложение дека се поправаат штетните последици од измените во 2023 година и се врши усогласување со ЕУ.
Сепак, освен ЛДП, против гласаа и пратениците на Левица, кои исто така оценија дека законот се носи за да ги заштити актуелните функционери од идна одговорност, со што опозицискиот блок (иако идеолошки поделен) остана обединет во ставот дека станува збор за прикриена амнестија.


