
Компатибилност, тимска работа и нова шанса за живот
Како што информираат од Министерството за здравство, по серијата неопходни медицински испитувања била утврдена целосна компатибилност меѓу донорот и примателот, со што мајката била оценета како соодветен жив дарител. Нејзината несебична одлука му дава на детето нова шанса за нормален живот и претставува исклучителен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања во државата.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Министерот за здравство, Сашо Клековски, кој ги посети пациентите на Универзитетската клиника за урологија, нагласи дека овој потфат е вистински пример за најдоброто во македонското здравство – комбинација од стручност, тимска работа и човечност.
Зголемен број на трансплантации на Клиниката за урологија
Оваа сложена медицинска постапка е само дел од позитивниот тренд на Универзитетската клиника за урологија. Пред неколку дена беа реализирани вкупно три трансплантации (две од починат и една од жив дарител), со што вкупниот број на трансплантирани бубрези од почетокот на годинава достигна 15, надминувајќи ја вкупната бројка од 11 трансплантации во текот на целата мината година.
Алпортовиот синдром е сериозна наследна болест која го оштетува бубрежното ткиво и во потешките форми неизбежно води кон бубрежна слабост и потреба од дијализа. Овој случај докажува дека со темелна процена, медицината нуди трајни решенија.
„Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.


