во

Пред 82 години беше ослободено Скопје: Хероите и жртвите на 13 Ноември

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето, датум кој сведочи за слободата, храброста и огромната жртва на стотици борци кои го дадоа својот живот во завршните борби од Втората светска војна пред 82 години.

Жестоки улични борби и спасување на Камениот мост

На 12 и 13 ноември 1944 година, припадниците на Третата и Дванаесеттата македонска ударна бригада водеа крвави битки за секоја улица. Најжестоките пресметки се одвиваа кај некогашниот хотел „Македонија“, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Посебно драматично било во зградата на тогашната Женска гимназија, каде борбите се воделе од училница до училница.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Со помош на скопското движење на отпорот, борците изведоа и еден од најзначајните подвизи – го спречија минирањето и рушењето на симболот на градот, Камениот мост, при повлекувањето на германските окупаторски сили.

Високата цена на слободата и трагедијата крај Вардар

Ослободувањето на македонската престолнина беше извојувано со огромна цена. Во тие решавачки моменти, повеќе од 420 партизани и партизанки го загубија својот живот, чии имиња остануваат вечно врежани во историјата на градот.

Денот на слободата е одбележан и со едно страшно злосторство. При своето повлекување, германските војници стрелаа деветмина цивили покрај реката Вардар. Денес, споменикот на кејот на Вардар стои како вечен потсетник на нивната жртва и страдањата на скопјани во последните часови од окупацијата.

„Особено тешки биле судирите во зградата на тогашната Женска гимназија… Во акцијата активно помагале и членовите на скопското движење на отпорот, кои заедно со борците успеале да го спречат минирањето на Камениот мост.“

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Глобален хаос поради пад на системите на Microsoft: „Поправката не се одвива според планот“

Огнена ноќ во Волгоград: Украински дронови ја запалија една од најголемите руски рафинерии