во

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во официјална посета на македонскиот Парламент

Претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, денеска ќе престојува во официјална посета на македонското Собрание, каде што ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести.

Тет-а-тет средба со Африм Гаши

Според официјалните информации од собраниската прес-служба, по свечениот пречек пред законодавниот дом, претседателката Хаџиу ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши. Покрај директната средба меѓу двајцата спикери, предвидени се и разговори на ниво на собраниски делегации.

Супер Попуст -25%

 

Книга на впечатоци и парламентарна соработка

Во рамките на предвидениот протокол, претседателката на косовското Собрание ќе се потпише и во Книгата на впечатоци. Оваа посета се очекува дополнително да ги зајакне билатералните односи и парламентарната соработка меѓу двете соседни држави, во насока на споделување искуства и поддршка во евроинтегративните процеси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пример за почит: 18-годишниот Огнен пронајде 4.000 евра во Делчево и ги предаде во полиција

Во Израел се отворија гласачките места: Нетанјаху се бори за политички опстанок против Ајзенкот