
Спорниот член 13 и претседателското вето
Причината за претседателското вето е членот 13 од предложените законски измени, кој го регулира мандатот на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Досегашното решение стриктно предвидуваше мандат од пет години со право на само уште еден реизбор (вкупно 10 години). Новата формулација дозволуваше повторно именување без ограничување на бројот на мандати.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Претседателката Сиљановска-Давкова на 4 ноември го извести Собранието дека ваквата правно непрецизна формулација остава простор за доживотни функции и може да доведе до опасна концентрација на моќ при одлучувањето за трошењето на јавните пари.
Илјадници амандмани во трето читање
По одбивањето на указот, Законот се врати во Собранието во фаза на трето читање, каде се поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство поднесе само еден амандман – за целосно бришење на спорниот член 13, со што практично ги прифаќа забелешките на претседателката. Најголемиот дел од останатите амандмани се поднесени од страна на опозицискиот СДСМ.
Согласно собранискиот Деловник, во оваа фаза амандмани можат да се поднесуваат исклучиво во врска со забелешките на шефот на државата.
„Поднесени се вкупно 2.158 амандмани, од кои владејачкото мнозинство предлага еден – за бришење на членот 13, кој се однесува на мандатите на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки…“


