
Вашингтон се соочува со суровата реалност на Блискиот Исток откако првичната еуфорија на претседателот Доналд Трамп за „брза победа“ над Иран се судри со економски и воен ѕид. Како што пренесува „Њујорк Тајмс“ (NYT), повикувајќи се на високи претставници на администрацијата, Белата куќа е затекната од силата на иранскиот одговор кој предизвика вистински земјотрес на глобалните берзи. Додека Трамп јавно ја прогласува операцијата за „целосен успех“, зад затворени врати во Вашингтон владее песимизам: американската влада нема јасна излезна стратегија од војната, ниту пак план како да го одблокира Ормутскиот теснец, кој во моментов е поморска „гробница“ за светскиот транспорт на нафта.
Погрешни калкулации: Како Вашингтон ја потцени нацијата од 92 милиони луѓе?
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Администрацијата на Трамп направи фатална проценка верувајќи дека нападот врз Иран ќе помине без сериозни нарушувања на пазарите на енергенси. Министерот за енергетика, Крис Рајт, само десет дена пред нападот ги уверуваше новинарите дека нема причина за загриженост, но реалноста по десет дена војна го демантираше – сообраќајот низ Ормут е намален за неверојатни 95 проценти. Иран не само што не се повлече по уништувањето на 3.000 цели, туку одговори со жесток ракетен оган врз американските бази и сојузниците, принудувајќи го Пентагон да ги прилагодува плановите „во лет“, од евакуација на амбасади до очајнички обиди за спас на глобалната економија.
Хаос со военото осигурување: Трамп бара „храброст“ од екипажите
Во својот карактеристичен стил, Трамп преку „Фокс Њуз“ ги повика екипажите на танкерите да покажат храброст и да пловат низ минираните води, ветувајќи дека владата ќе го финансира нивното воено осигурување. Сепак, конфузијата во Белата куќа достигна врв кога министерот Рајт објави, па експресно избриша информација за успешна воена придружба на танкер, што предизвика нов пад на берзите. Демократските сенатори веќе отворено алармираат дека администрацијата е „слепа“ пред разузнавачките информации дека Иран се подготвува целосно да го минира теснецот, оставајќи ја Америка во војна без видлив крај и со нафта која станува луксуз.
Пентагон во шок: „Очајот“ на Иран ги изненади стратезите
Министерот за одбрана, Пит Хегсет, јавно призна дека Пентагон не очекувал толку жесток и директен одговор од Техеран врз соседните земји. Додека Белата куќа го оправдува хаосот како „краткорочна жртва за долгорочна добивка“, внатрешните документи откриваат дека Трамп свесно ги минимизирал предупредувањата на своите помошници за инфлаторниот шок што ќе следува. Мисијата за уништување на иранскиот режим сега е заглавена во стратешки лавиринт, каде секој нов воен потег дополнително ја храни инфлацијата и ја задушува американската економија, додека излезот од конфликтот останува непозната равенка.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








