
Министерството за внатрешни работи спроведува засилени контроли на брзината во периодот од 3 до 9 август 2026 година. Акцијата е дел од Европската недела на контроли и се реализира заедно со сообраќајните полиции од уште 34 европски земји.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Македонија во акцијата учествува како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL. Контролите се насочени кон откривање и санкционирање на возачите што ја пречекоруваат дозволената брзина.
Радари на патиштата низ целата држава
Сообраќајната полиција ќе спроведува засилени проверки на патните правци низ целата земја. Посебно внимание ќе биде насочено кон делниците со зголемена фреквенција и поголем ризик од сообраќајни незгоди.
Од МВР посочуваат дека акцијата се спроведува во период на летни одмори, кога на патиштата има значително повеќе возила. Ќе се применуваат превентивни и репресивни мерки со цел намалување на бројот на несреќи и нивните последици.
Брзината останува во фокусот на полицијата
Главната цел е навремено откривање на возачите што возат побрзо од дозволеното. Прекумерната или неприспособена брзина го намалува времето за реакција и ја зголемува опасноста од тешки последици при сообраќајна незгода.
Контролите ќе се спроведуваат со радарски уреди и други расположливи средства за надзор на сообраќајот.
Апел до возачите пред тргнување на пат
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и поставената сигнализација. Возачите треба да ја приспособат брзината според состојбата на патот, густината на сообраќајот и временските услови.
Одговорното возење не значи само избегнување казна, туку заштита на сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








