во

Рокас го предаде Извештајот на ЕК во Владата: Уставните измени остануваат клучнен услов за евроинтеграциите

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, му го предаде Извештајот на Европската комисија за 2026 година на премиерот Христијан Мицкоски, при што Брисел јасно порача дека уставните измени остануваат неопходен услов за напредок.

Позитивни реформски чекори, но со стопирани уставни измени

Во новообјавениот извештај за напредокот на Северна Македонија, Европската комисија констатира дека е постигнат значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда. Сепак, еврокомесарката за проширување Марта Кос нагласи дека целта на Комисијата останува отворање на првиот преговарачки кластер веднаш по исполнувањето на условите, порачувајќи дека „сега тоа зависи од Северна Македонија“.

Супер Попуст -25%

Во документите се забележува дека не биле направени обиди за усвојување на уставните измени предвидени со заклучоците од 2022 година, со кои во Уставот треба да се вклучат и граѓаните кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите.

Сериозни забелешки за корупцијата, судството и слободата на медиумите

И покрај одредениот напредок во судските реформи, ЕК оценува дека независноста и финансиската автономија на судството и понатаму се поткопани од политичко мешање и недостиг на ресурси. Во борбата против корупцијата нема забележан напредок, а проблемот и понатаму е високо распространет, при што се нагласува дека измените на Кривичниот законик не ги отстраниле негативните последици од претходните измени.

Забелешки се упатени и во делот на демократските институции поради политичка поларизација, како и во областа на слободата на изразување и заштитата на човековите права. Дополнително, Европската комисија апелира на подобрување на дијалогот со Бугарија и доследно почитување на билатералните договори, потсетувајќи дека користењето на уставното име од страна на високи функционери е клучно за односите со Грција.

„Европската комисија оценува дека во голем дел од преговарачките поглавја напредокот е ограничен или целосно отсуствува, а јавниот радиодифузен сервис и регулаторните тела сè уште се соочуваат со административни и финансиски предизвици.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто машината за садови не ги пере добро? Проверете ги овие три работи пред да повикате сервис

Акција за раззеленување на Скопје: Ѓорѓиевски најави 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната вкупно 6.000