
Лекарите во шок: Извадиле 1,5 килограми накит и монети од желудникот на 26-годишна девојка која се жалела на болки
Руни Катун (26) од Западен Бенгал, Индија, била итно примена во болница во тешка состојба, со симптоми на повраќање и екстремна истоштеност. Иако медицинскиот тим веднаш сфатил дека се работи за сериозен случај, вистинската причина за нејзините маки била откриена дури на операционата маса. Хирурзите останале запрепастени кога од нејзиниот стомак почнале да вадат неверојатна количина на метални предмети, чија вкупна тежина изнесувала дури 1,5 килограми.
Биланс на операцијата: 69 ланчиња, 80 обетки и клучеви
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
За време на интервенцијата која траела еден час и 15 минути, лекарите отстраниле вистинска „златарница“: 69 ланчиња, 80 обетки, 46 монети, осум медалјони, четири клучеви, пет нараквици и еден бројчаник од часовник. Меѓу предметите имало и скапоцен златен накит. Мајката на девојката подоцна признала дека забележала како вредни работи исчезнуваат од дома и од продавницата на нејзиниот брат, но немала поим дека ќерка ѝ ги голта. Пациентката била толку слаба што по операцијата морала да биде ставена на посебен режим на исхрана.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








