во ,

САКАТЕ ВОЈНА? ЌЕ ЈА ДОБИЕТЕ“: Медведев ги плаши Париз и Берлин со хиперсонични ракети

„САКАТЕ ВОЈНА? ЌЕ ЈА ДОБИЕТЕ“: Медведев со видео од хиперсоничниот „Орешник“ се закани на „европските глупаци“

Реториката меѓу Русија и Европа вечерва го достигна точката на вриење. Поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, објави застрашувачко видео од дејството на ракетата „Орешник“ и упати директна закана до европските лидери.

„Микрон“ и „европските глупаци“

Супер Попуст -25%

Во својата објава на мрежата „Икс“, Медведев не бираше зборови. Тој директно го нападна францускиот претседател Емануел Макрон, нарекувајќи го „Микрон“, и ги обвини европските политичари дека свесно ја туркаат континетот во директен воен судир со Русија.

„Европските владејачки глупаци изгледа навистина сакаат војна. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати НАТО војници во Украина. Сакате војна? Еве што ќе добиете“, напиша Медведев под видеото.

„Орешник“ на прагот на НАТО

Заканата доаѓа само еден ден откако Русија за вторпат ја употреби оваа ракета во Украина, овојпат гаѓајќи цели кај Лвив – на само 60-тина километри од границата со Полска (НАТО).

Ракетата „Орешник“ е опишана како хиперсонично оружје кое лета со брзина од 10 маха (13.000 км/ч) и според Москва, е невозможно да се пресретне со сегашните западни системи за ПВО.

Одмазда за Путин?

Москва тврди дека овие напади се „одмазднички удари“ за наводниот обид за напад со дронови врз една од резиденциите на Владимир Путин во декември. Додека Киев ги отфрла овие обвинувања како фабрикувани за да се оправда ескалацијата, Медведев јасно порача дека Русија нема да се повлече пред најавите за испраќање европски мировници или трупи во Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ХОРОР ВО БЕРЛИН: Подметнат пожар остави 100.000 луѓе да замрзнуваат без струја и греење

НОВАТА СУПЕРСИЛА: Турција, Пакистан и Саудиска Арабија го формираат „Исламското НАТО