
Опозицискиот СДСМ упати критики до премиерот Христијан Мицкоски по неговата изјава дека буџетот ќе претставува сериозен предизвик во следните две години поради обврските за враќање на долговите и каматите, финансирањето на буџетскиот дефицит и реализацијата на капиталните инвестиции.
Од партијата јавно прашуваат како е можно буџетот да претставува предизвик кога, како што велат, власта постојано се фали дека Македонија е „трета економија во Европа“.
Обвинувања за раст на јавниот долг за 50 отсто и сомнителни тендери
Истовремено, од СДСМ обвинуваат дека јавниот долг за само две години е зголемен за 50 отсто и дека нови задолжувања се случуваат речиси секоја недела. Од опозициската партија оценуваат дека реализацијата на капиталните инвестиции е недоволна, додека јавните средства се трошат за, како што наведуваат, сомнителни тендери.
„Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери“, обвинуваат од СДСМ.
Раст на трошоците за живот, поскапување на струјата и прашањето за минималната плата
Во партиската реакција се критикува и целокупната економска состојба на граѓаните, при што од СДСМ посочуваат на континуираниот раст на трошоците за живот, високите цени на парното греење, како и најавеното поскапување на електричната енергија.
Дополнително, опозицијата ги отвора и прашањата за состојбите во пензискиот систем и висината на минималната плата, оценувајќи дека граѓаните сè потешко ги покриваат основните животни потреби, а својата реакција ја завршуваат со пораката: „Држава, не банда“.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







