во ,

Сечење на функционерските плати: Пратениците го туркаат законот по скратена постапка

Собранието даде зелено светло за намалување на коефициентите на платите на функционерите, со што примањата ќе се скратат од 10 до 13 илјади денари

Шесте закони што го регулираат намалувањето ја поминаа првата фаза по скратена постапка, а се очекува и конечно гласање. Со пониски плати ќе останат пратениците, судиите, обвинителите, директорите и градоначалниците.

Реакција од обвинителите

Супер Попуст -25%

Од Здружението на јавни обвинители предупредуваат дека намалувањето е спротивно на законските одредби, според кои платата не може да се намалува освен по дисциплинска основа. Тие посочуваат дека обвинителската функција е неспоива со друга дејност и дека платата е нивни единствен приход.

Според нив, примањата од 90 до 130 илјади денари се меѓу најниските во регионот, а законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години не се исплаќаат.

Кој ќе зема повеќе и покрај кратењето

И покрај намалениот коефициент, поради зголемената просечна плата, дел од министрите би можеле да добиваат околу 122 илјади денари, наместо досегашните 118. Исклучок е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој со законското зголемување од 20 проценти би можел да зема речиси 160 илјади денари.

Функционерските плати пред неколку години пораснаа за 78 проценти по укинувањето на замрзнатиот коефициент, што предизвика силни реакции во јавноста. Новите измени повторно ја отвораат дебатата за правичноста и одржливоста на системот на пресметка.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Орбан: Брисел и Зеленски се договориле за продолжување на војната

„Златното време на Америка“: Трамп со рекордно најдолг говор во Конгресот