
На островот Мајорка, во саботата, се одржа елегантната свадбена церемонија на Ѓина Шумахер и нејзиниот долгогодишен партнер Јаин Беке. Според медиумските извештаи, двојката го изговорила судбоносното „да“ во фамилијарната вила на Шумахерови, која вреди околу 30 милиони евра. Оваа луксузна вила претходно била сопственост на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, пред да биде купена од семејството Шумахер.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Како што пренесе „Дејли Мејл“, свадбата се одвивала под строги мерки на приватност, а гостите морале да ги остават своите мобилни телефони, со цел да се зачува интимноста на настанот и приватноста на семејството.
Но, најголем интерес предизвикаа гласините кои ги објави германскиот медиум „Билд“, според кои самиот Михаел Шумахер присуствувал на венчавката. Ова би било негово прво појавување во јавноста од несреќата на скијање во 2013 година, што дополнително ги зголеми шпекулациите.
Иако нема официјална потврда за неговото присуство, самиот настан привлече огромно внимание, не само во Германија, туку и на глобално ниво.
- Дали Шумахер навистина бил таму во саботата? Можно е, и тоа многу можно. Но, не бил во градината каде што биле останатите гости, од кои некои не се дел од најтесниот семеен круг – пишува „Билд“.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








