
Цената на вистината: Ричард Гир беше „забрането име“ на Оскарите цели 20 години поради еден говор за Тибет
Холивудската икона Ричард Гир, иако ѕвезда на култни филмови, плати висока професионална цена поради својот активизам. Тој помина речиси две децении на „црната листа“ на Американската филмска академија поради непланиран политички говор за време на церемонијата во 1993 година. Додека требал да ја додели наградата за најдобра сценографија, Гир го игнорирал сценариото и ја искористил глобалната платформа за да ги осуди прекршувањата на човековите права во Кина и Тибет, директно обраќајќи му се на тогашниот кинески лидер Денг Сјаопинг. Организаторите биле бесни, нарекувајќи го неговиот потег „арогантем“, бидејќи сметале дека Оскарите треба да бидат за забава, а не за политика.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден

Враќање по 20 години и филозофијата на Далај Лама
Гир се врати на оскаровската бина дури во 2013 година (како дел од екипата на „Чикаго“), шегувајќи се: „Изгледа сум рехабилитиран. Ако чекате доволно долго, забораваат дека ве забраниле“. Во најновото интервју од декември 2025 година, тој открива дека никогаш не ја сфатил забраната лично. Воден од учењата на својот близок пријател Далај Лама (со кого се дружи над 45 години), Гир вели дека не сака никому да наштети, туку само да се бори против гневот и неправдата. Иронично, и покрај неговата слава и улоги во оскаровски филмови, Ричард Гир никогаш не бил номиниран за Оскар во поединечна категорија.

-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден








