
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Морничав доказ за трагедијата: Таванот гори од прскалки, а младите снимаат за Инстаграм
На социјалните мрежи се појави нова снимка од кобната ноќ во Кран-Монтана, која го згрози светот. Видеото го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот: келнерите носат шишиња шампањ со запалени прскалки, кои веднаш го палат нискиот таван. Но, она што шокира е реакцијата на присутните – наместо итно бегство, многумина продолжуваат да танцуваат и да снимаат со мобилните телефони.
„Снимаш, па потоа мислиш на живот“: Остри критики за новата генерација
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Додека еден млад човек очајно се обидува да го изгасне пламенот со својата маица, а друг вика „Гори, гори!“, дел од толпата сè уште скока во ритамот на музиката. Коментарите под видеото се сурови: „Ова е доказ дека паметните телефони ја избришаа свеста. Да избегаа наместо да снимаат лоши видеа, веројатно сите ќе беа живи“. Снимката стана трагичен симбол на „Инстаграм генерацијата“ која го документира сопствениот крај наместо да се спасува.


