
Со седум минути молчење точно на пладне започна собирот. Студенти и ученици од средните училишта во Скопје се собраа пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Денеска одржаа заеднички час. Целта беше да им оддадат почит на жртвите од пожарот во Кочани.
Супер Попуст -25%
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
На платото пред УКИМ палеа свеќи. Се потпишуваа во книга на жалост.
Подоцна заедничкиот час беше прекинат. На неколку студенти им се слоши. Беше побарана интервенција од Брзата помош.
Студентите и средношколците останаа на собирот и покрај временските услови. Студентското собрание најави дека собирите ќе продолжат цела недела. За локациите и времето дополнително ќе информираат.


