
Временска прогноза: Сончево и тивко, температурите се искачуваат до 15 степени
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денешниот ден носи пријатни временски услови, нетипични за длабока зима. Утрото започнува со појава на магла по котлините, но во текот на денот нè очекува претежно сончево и тивко време. Исклучок ќе бидат југоисточните делови каде ќе се почувствува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе бидат релативно високи, со утрински минимум од -2 до 5 степени и дневни максимуми кои ќе достигнат од 9 до 15 степени.
Стабилно до крајот на неделата: Висок воздушен притисок ја „брка“ зимата
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Во главниот град Скопје, сликата е слична: утринска слаба магла, проследена со сончев ден и мала до умерена облачност, со максимална температура до 11 степени. Метеоролозите најавуваат дека до крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок. Ова ќе услови продолжен период на стабилно и релативно топло време, иако возачите треба да бидат внимателни поради намалената видливост од маглата во претпладневните и ноќните часови по одделни котлини.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден








