во ,

Сончево и топло денеска: Температурите ќе се искачат до 34 степени

Денеска нè очекува сончево и топло време со мала облачност, а температурите во делови од земјата ќе се искачат до 34 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Супер Попуст -25%

Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 28 до 34 степени.

Скопје со сонце и температура до 34 степени

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Сабота топла, недела со нестабилност

Во сабота времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во недела ќе има услови за нестабилност, со пороен дожд и грмежи во делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северозападен правец.

Од понеделник повторно стабилно

Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

Синоптичарите најавуваат продолжување на летните температури, со повеќе сончеви периоди и без поголема промена на временската слика.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски од Битола: Продолжуваме со проекти што носат конкретни резултати

Дневен хороскоп за 10 јули: Биковите пред многу работа, Девиците без трпение