
Состојба на патиштата и препораки од АМСМ
Според најновите информации од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), возачите се советуваат на прилагодена брзина на движење, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Од особен интерес е внимателноста на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои постојана можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица останува отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тона.
Градежни активности и времен режим на сообраќај
На повеќе патни правци ширум државата се изведуваат градежни работи кои бараат почитување на поставените временски режими:
- Кичево – Охрид: На делницата Пресека – Песочан до клучка Арбиново воведен е времен режим поради санација на левиот коловоз, а сообраќајот се одвива со девијации.
- Гостивар – Кичево: Се изведуваат градежни активности на мост бр. 63 на река Тајмишка.
- Гевгелија – ГП Богородица: Сообраќајот на автопатот А1 е затворен во една насока и пренасочен на спротивната страна (режим активен до 15 април 2027 година).
- Регионални правци: Времени режими има на делницата Струга – Дебар (поради реконструкција на брана „Глобочица“), на мостот на река Брегалница во Штип, како и на правците Косоврасти – Мелнички Мост, Прилеп – Битола и Прилеп – Крушево – Сладуево.
„Сообраќајот на државните патишта низ земјава денес се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен…“


