„Храброст во пламенот“ – 18-годишниот Андреј, спортист со сон да биде пожарникар, покажа неверојатна храброст спасувајќи ги своите другари од огнената стихија во кобната ноќ во Кочани.
Овој 18-годишен спортист е член на боречкиот клуб Балканец од Штип. Тој сонува еден ден да стане пожарникар. За неговото херојско дело раскажува штипјанецот Тони Ѓоргиев.
Ѓоргиев објави фотографија со Андреј и напиша емотивна порака.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден

„Покрај мене е славниот спортист, борач, којшто сонува еден ден да стане пожарникар. Овој млад дечко има храбро и јуначко срце. Без страв и колебање, се бореше со пламенот во кочанската дискотека. Тој ги спасуваше животите на своите другари. Браво момче, ретки се луѓето како тебе!“
Ѓоргиев изрази верување дека Андреј еден ден ќе работи како пожарникар. Тој додаде дека тоа е една од најхуманите професии. Тој му порача на Андреј дека достојно ќе го замени. „Она што го посакуваш искрено од срце, еден ден ќе ти се исполни!“ заврши Ѓоргиев.
Во големата трагедија во Кочани животот го загубија 59 лица. Над 160 луѓе беа хоспитализирани во болниците во Македонија и во странство.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден








