
Уште една трагедија ги потресе македонските патишта: Млад возач го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа откако со својот автомобил излетал од коловозот на излезот од Виница.
Кобната несреќа се случила синоќа, дваесетина минути по полноќ, на регионалниот пат кон Берово. Според информациите од МВР, 34-годишниот М.М. од виничкото село Крушево изгубил контрола над патничкото возило „Сеат Ароса“ и излетал надвор од асфалтот.
Ударот бил кобен на лице место
За жал, за младиот возач немало спас. Екипата на Итната медицинска помош која пристигнала на терен можела само да констатира смрт, бидејќи момчето им подлегнало на тешките повреди директно на местото на настанот.
Полициски екипи од ОВР Виница извршиле детален увид за да ги утврдат точните причини кои довеле до оваа фатална несреќа. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека сообраќајот на оваа делница бил регулиран без поголеми застои.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден







