
Газдата на „Пулс“ повикан како сведок од одбраната
Адвокатот Бранко Колев, кој го застапува обвинетиот Боби Гидиоски, го предложи сопственикот на објектот, Дејан Јованов, како сведок во постапката. Според одбраната, Јованов треба да се изјасни пред судот за околностите кои ги наведува Обвинителството – дали се стекнал со противправна имотна корист и дали воопшто имал контакти и се познавал со обвинетиот Гидиоски.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Одбраната најави обемна доказна листа која содржи 16 материјални документи и осум вербални сведоци. Документацијата, според адвокатот Колев, се однесува на целокупното работење на СВР Штип и на одредена проблемска информација поврзана со дискотеката и ОВР Кочани, за која обвинението тврди дека била прикриена од началникот.
Обвинението тврди дека полицајците овозможиле незаконска лиценца
Застапничката на обвинението, Спасенка Андонова, најави дека детално ќе се произнесе за секој предложен доказ на следното судско рочиште. Според актот на Обвинителството, деветмината полициски службеници не ги извршиле целосно потребните проверки за исполнување на безбедносните и законските услови, со што директно му овозможиле на објектот да добие и да користи лиценца за работа. Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова.
„Од материјалните предложивме околу шеснаесет документи, додека од вербалните осум сведоци, меѓу кои е и Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката ‘Пулс’. Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката ‘Пулс’ кои ОВР Кочани ги имале“, изјави адвокатот Бранко Колев.


